(ВИДЕО) Живот со 1 евро на ден: Јутјубер открива шокантна реалност од најевтината земја бо светот

Дали навистина може да се преживее со само едно евро дневно? Популарниот јутјубер Џош Ларкин од каналот The Burnt Chip реши да го тестира токму тоа – и резултатите ги оставија сите без зборови.

Во обид да провери дали Пакистан навистина е најевтината земја за живеење, Ларкин отпатува во Карачи – најголемиот град, главното пристаниште и финансиски центар на државата. Таму, тој размени една британска фунта (околу 1,2 евра) за 400 пакистански рупии и си постави предизвик: да преживее цел ден со тие пари.

Неговото патување започна со освежување – традиционалниот уличен пијалок дудт, направен од млеко, шеќер, мраз и сода, за само 30 рупии. За ручек, се почести со биријани – ароматично јадење од ориз, компири и пилешко, а потоа освежувањето го заокружи со Pepsi, која чинеше околу 30 центи. Вечерата не заостануваше – уживаше во морска храна за слична сума.

 

Но, искуството не беше само гастрономско. Ларкин се возеше со тук-тук, проба јавање камила и присуствуваше на необичен уличен перформанс со танц на змии. За автобуски билет плати неверојатни три центи.

Додека истражуваше низ градот, откри и дека месечната кирија за стан во Карачи изнесува околу 50 британски фунти (приближно 60 евра) – цена која е и до десет пати пониска од онаа во многу европски метрополи.

Неговото видео, кое веќе има речиси 4 милиони прегледи на YouTube, отвора прашање: дали ова навистина е најевтиниот начин на живот – или само илузија од кратка авантура?

Погледнете што сè доживеа, вкуси и искуси Џош Ларкин во Карачи – за малку повеќе од едно евро дневно.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Scroll to Top