Актерот Марко Живиќ почина денеска на 49 години во Белград, по тешка борба со коронавирусот.
Тој последните денови ги помина во болница, на респиратор, откако по вторпат беше хоспитализиран поради коронавирусот.
Првиот пат кога беше примен, состојбата му се стабилизира, по што беше пуштен на домашно лекување, но симптомите сепак нагло се влошија и тој повторно беше хоспитализиран.
Во 1995 година дипломираше по глума на Академијата за уметности во Нови Сад, во класата на професорот Раде Марковиќ. Работеше и во театар и на филм. Беше во постојаната екипа во театарот „Теразије“ и постојан член на Драмскиот театар во Белград, каде играше во претставите „Кога тиквите цветаа“, „Не се клади на Енглези“, „Поиграј повторно Сем“, Лет над кукавичкото гнездо“, „ Делириум Тременс“ и многу други. Добитник е на многу награди.
Тој ја водеше емисијата „Марко Живиќ шоу“ на ТВ Фокс.