Од 1 јануари 2025 година целиот јавен превоз во Белград ќе биде бесплатен.
Со тоа Белград станува единствениот град во Европа со повеќе од половина милион население, кој има бесплатен превоз.
Властите во Белград најавија и дека до крајот на 2025 година на улиците нема да има автобус постар од две години, а дури и оние што се стари две или две и пол години ќе бидат само оние што биле купени на крајот на 2022 година.