Хрватскиот пејач Оливер Драгоевиќ веќе цела година се бори со ракот на белите дробови. Од минатото лето болеста зема сѐ поголем замав, а пејачот мораше да го одложи настапот во Загреб, каде што требаше да настапи на концерт.
„Ѓаволска болест е тоа, малку ослабев, но се надевам на позитивен исход. Најважно е што ќе останам цврст во главата, а и психички се чувствувам добро. Пијам многу лекови. Против болки, за крв, за енергија, па може да се случат и нуспојави. Тешко е се да биде сигурен дека сите таблети се меѓусебно компатибилни. Две недели дури останав без слух. Како ушите да ми беа затнати – изјавил Драгоевиќ.