Популарниот пејач Оливер Драгоевиќ веќе некое време храбро се бори со ракот, а моментно времето го минува во домашни услови каде што го негува сопругата Весна.
Оливер открива дека деновите не му минуваат затворен дома, туку се решил дури и во таква состојба да се занимава со спорт.
„Почнав да играм тенис. Пробав со синот, но тоа не личеше на ништо. Беше само обид“, вели Оливер за хрватските медиуми.
Тoј порачува дека неговата болест долго се лекува и бара доста трпение.
– Не сум лошо, само треба да чекам. Во прашање е болест што бара време и многу трпение – рекол пејачот за „24 сата.хр“.