Хрватскиот музичар Оливер Драгојевиќ ќе биде погребан в среда во неговата родна Вела Лука на Корчула. Последното испраќање ќе почне ден порано, во Сплит, во црквата Св. Франо, каде што ќе можат да дојдат сите што сакаат да му оддадат последна почит на Оливер.
Според хрватската новинска агенција „Хина“, градот Сплит ја презеде организацијата околу испраќањето на пејачот. Градоначалникот Андро Крстуловиќ побарал катамаран од „Јадролинија“ и специјално возило со кое ќе се превезе ковчегот со Оливер од црквата Св. Франо до сплитското пристаниште. Покрај членовите на семејството, на катамаранот ќе бидат и членовите на групата „Дупини“, со кои Оливер соработуваше со децении.
Во Вела Лука е просласена седумдневна жалост. Погребот ќе се одржи во кругот на семејството и пријателите.