Оперирана Сека Алексиќ

Сега Алексиќ завршила на операциона маса, била оперирана од циста на дојката. Пејачката за која првично пишувале медиумите дека направила третман на градите била забележана на 5 мај заедно со својот сопруг Вељко пред една болница во Белград.

Кога забележала дека нешто не е во ред со нејзиното тело, веднаш се упатила на лекар, каде ѝ било утврдено дека станува збор за тумори. Веднаш била советувана да направи хируршка интервенција за да се спречат понатамошните компликации.

„Да, точно е дека се оперирав од циста на дојката. Тоа беше мала хируршка интервенција. Благодарам што се грижите за мене, се чувствувам одлично и подготвена сум за летната турнеја“, изјавила фолк-пејачката.

 

Scroll to Top