Поранешната хрватска манекенка Симона Мијоковиќ ужива во хармоничен брак со својот сопруг Станислав, но неодамна откри болни детали од своето минато.
Симона Мијоковиќ, некогаш позната по презимето Готовац, живеела бурен живот, користела опијати, била во канџите на проституцијата, а потоа и се посветила на религијата.
Денес поранешната манекенка живее мирен и затскриен живот, а во интервју за хрватските медиуми признала дека била во врска со дилер, со кој останала бремена. Меѓутоа, тогаш дознала и дека тој е оженет и има семејство, а од неа барал да абортира.
„Имав три абортуси за една година и тоа остави неизбришлива трага на мене“, почна таа, па продолжи:
„Моето срце му се предаде, останав бремена, а потоа ми откри дека е оженет. Ми даде плик од две илјади куни и ме испрати на абортус. Не сакав да го направам тоа, но морав“, рече таа.
По бурниот живот, Симона Мијоковиќ денес е сосема поинаква жена, која, како што вели, го посветила својот живот на верата и оставила Бог и Исус да ја водат.
Во една прилика и самата рефлектираше на социјалните мрежи за се што поминала во животот.
„Многупати сум сведочела за тоа како изгледал мојот живот пред Христа. Бев во блуд, дрога, ме фати проституција, боледував од булимија 14 години. Моето тело и дух беа заробени. Фала му на Бога што влезе во тој амбис на пеколот, ја побара својата изгубена овца и ме одведе во стадото“, рече тогаш таа.
Симона нашла нова среќа кога го запознала Станислав Мијоковиќ со кој се омажила. Често велеше дека секој ден му благодари на Бога што ја спасил и ослободил. Со новиот сопруг има четири деца, а од бракот со Анто Готовец ја има ќерката Габриела.