Бојана Барјактаревиќ (46) вчеравечер победи во финалето на истоименото музичко шоу, победувајќи во сите три натпреварувачки категории.
Таа освои најмногу СМС гласови од публиката, како и на Фејсбук, а ја освои наградата и од жирито.
„Јас со музиката се занимавам 29 години, не ја запоставив. Го запоставив медиумското експонирање и појавување. Јас се повлеков за да се рехабилитирам и така останав 17 години надвор од естрадата“, изјави Барјактаревиќ.
Малкумина знаат дека 46-годишната победничка подолг период се бореше со ракот на левата дојка, кој подоцна метастазираше.
„Ми извадија 24 жлезди. Имав 16 третпани со хемотерапија, а по првата останав без коса. Она што е добро е што сега имам нова коса и тоа 40% повеќе од порано. Најважно е да се биде упорен и позитивен, нема ментален пад, тоа е најголемиот непријател“, раскажа таа во една пригода.