Откако ослабе 90 килограми, Крстиња од „Гранд“ се разведува од сопругот

Крстиња Тодоровиќ, една од миленичките во „Ѕвездите на Гранд“, се разведе од сопругот по четири години брак. Пејачката, која по операцијата на желудникот ослабе 90 килограми, за српските медиуми рече дека нејзиниот нов изглед нема врска со одлуката да стави крај на бракот.

„Точно е, се разведовме на цивилизиран и убав начин, без груби и тешки зборови. Сите сега ќе мислат дека по овие операции и процедури кои прават да изгледам подобро го оставив поради новите додворувачи, кои се сè повеќе и повеќе, но тоа не е точно. Проблеми во бракот имаше и порано,  сега тие го достигнаа својот врв и решивме да се разделиме“, изјави Крстиња за „Курир“.

Пејачката имаше 142 килограми кога првпат се појави на сцената на „Гранд“, а потоа се зборуваше дека Саша Поповиќ ѝ ја платил операцијата за скратување на желудникот. Таа се оперираше пред скоро две години, по што ослабе 90 килограми. Потоа направи и втора операција за да го скрати вишокот кожа.

 

 

Scroll to Top