„Ова е маскенбал, ама немам корона“, Бајага пред концертот дојде во Скопје

Момчило Бајагиќ – Бајага и на 60 години изгледа како дечко, коментираа присутните на денешниот прес кој го одржа пред концертот во Скопје. На 13 септември, на стадионот на АРМ, е закажан славеничкиот концерт на Бајaга и „Инструктори“, а поводот е 35 години на музичката сцена.

„Да ја ставам маската. Ова е маскенбал. Добредојдовте на маскенбал. Но еве сега ќе ја тргнам, не се секирајте, за да дојдам овде морав да направ брис. Немам корна,“ рече Бајага кој на прес конференцијата дојде со заштитна маска.

„Мило ми е што во Скопје ќе славам 35 години кариера. За овие славенички концерти преработивме 22 песни во аранжмани за гудачи и за хор. Во Скопје ќе настапуваме со македонски музичари“, рече Бајага, кој го најави и својот нов албум кој ќе се вика „Овој свет се менува“.

Што се однесува до протоколите за заштита, на капацитет од 15.000 посетители, ќе бидат пуштени само 4.000 билети. Бајага и “Инструктори” ќе ги придружуваат хор и оркестар, а ќе диригира познатиот диригент Војкан Борисављевиќ.

Влезниците се во продажба по цени од 700 и 1000 денари, онлајн на avalon.mk, Avalon Music & Ticket Store и продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија. Носењето заштитни маски ќе биде задолжително за сите.

А. Георгиев 

Фото: А. Јовановска 

Scroll to Top