Пејачот Никола Грујиќ, познат и како поранешен учесник во шоуто „Задруга“, синоќа бил претепан пред локал во Белград, пренесоа тамошните медиуми. Во тепачката учествувале неколку лица, а Грујиќ се здобил со повреди на главата. Причината за тепачката наводно е затоа што одбил да продолжи да пее.
Укажана му е лекарска помш во Ургентнио центар, каде му биле константирани полесни телесни повреди. Никола бил сослушан и во полиција, каде рече дека бил нападнат пред еден локал и дека го тепале неколку лица. Го удирале со раце и нозе.
За потсетување, Грујиќ учествуваше во реалното шоу „Задруга“, каде ја изневери неговата сопруга Лилјана, со сега актуелната учесничка во шоуто Мима Шарац.