Пејачот на „Балканика“ заврши во болница

Младен Лукиќ, пејачот на групата „Сања Илиќ и Балканика“, заврши синоќа во болница во Португалија, два дена пред настапот на Евровизија.

Според неофицијалните информации, поради висок притисок, тој итно бил префрлен во болница, каде што веднаш примил терапија.

„Сè е во ред. Веројатно му паднал имунитетот поради промените и временските разлики. Важно е дека се чувствува добро и дека ќе настапи в четврток со целиот состав“, потврдиле од пиар-групата на „Сања Илиќ и Балканика“.

Српските претставници настапуваат в четврток на 10 мај, на втората полуфинална вечер на Евросонг, кој оваа година се одржува во Лисабон.

 

Scroll to Top