Хрватската пејачка Сања Долежал од неодамна е во врска со Анто Стојковиќ. Таа 18 години беше во брак со тапанарот на „Нови фосили“ Ненад Шариќ, кој почина пред повеќе од пет години.
Ненад починал од мозочен удар во нивната викендичка во Мрежница, каде што Сања живее денес. Таа не сака да зборува за приватниот живот, ама неодамна признала дека е во врска.
„Не верував дека повторно може да ми се случи љубов во животот. Со Анто ме запозна заеднички пријател. Тоа е сè што ќе ви кажам за него“, рекла популарната пејачка.