Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хулиќ наскоро ќе добијат девојче, а сега објавија и дека ќе ја крстат Алба. Ова име ѝ се допаѓало и на поранешната партнерка на Грашо, пејачката Данијела Мартиновиќ, пренес „РТЛ Ексклузив“.
Данијела додека била со Грашо, во едно од незјините интервјуа рекла дека планира името Алба го планирала за нивната евентуална ќерка.
„Ако добиеме син ќе го крстиме Тони, по покојниот дедо на Грашо, а за девојче имаме две имиња. Прво се мислев за Луце, бидејќи тоа е вистинско далматинско, наше име, а така се викаше и мојата покојна баба. Но кога го слушнав името Алба, бев многу возбудена. Тоа на италијански значи зора и е многу убаво и необично“, рече Данијела пред осум години за „Ин Магазин“.
За потсетување, Хана се очекува да се породи на крајот на јули, а Грашо рече дека жали што нема да биде присутен, затоа што во тој период имал закажано настап на „Фјужн“ фестивалот во Сплит.