Српското издание на магазинот „Плејбој“ од 2004 година, во кое има интервју со српскиот претседател Александар Вучиќ, се продава за 855 евра.
Интервјуто на актуелниот претседател на Србија под наслов „Урбан радикал над Белград“ се појави на страниците на едно популарно списание, а во него писателката Исидора Бјелица му поставила 20 прашања, не знаејќи дека за повеќе од 10 години тој ќе биде претседател на Србија.
Списанието сега е на страницата за продажба, а оние кои сакаат да го купат ќе мора да издвојат 855 евра.
„Сега ова интервју за Плејбој е неверојатна надреална новинарска реткост“, се вели во описот на рекламата.
Вучиќ за потребите на интервјуто позирал на кревет во бела карирана кошула. Додека со едната рака држи грозје над главата како Дионис, во скутот има чинија со овошје, а во другата рака држи книга. За насловната фотографија на интервјуто е избрана онаа на која Вучиќ е насмеан. Исто така, одговорите на Вучиќ секако ја покачија цената на ова издание на Плејбој.
„Патував за Подгорица, на првиот лет наутро, тој во 5:45, ние сојузните пратеници имавме право на авионски билети, па по грешка ми дадоа билет на име на мојот сопартиец Драган Тодоровиќ. И така, љубезниот господин на пријавувањето ми рече: Супер, господине Вучиќ, сега ќе се преправам дека не ве препознав и дека сте господин Тодоровиќ, а сега дојди малку поблиску ако може“, раскажал Вучиќ.