Водителот Огњен Амиџиќ и топ моделот Данијела Димитровска се обратија до јавноста со објава дека се разведуваат. Иако делуваа како хармоничен пар, без кавги и скандали, одеднаш и двајцата решија да продолжат понатаму, но соло.
„Сакаме да ве информираме дека решивме да се разделиме, а одлуката за развод ја донесовме заедно. Ќе останеме во пријателски односи заради интересите на нашиот син и во оваа прилика повеќе нема да се огласуваме и да даваме изјави. Нашиот развод не е вина на трето лице, така што нема простор за дополнителни шпекулации. Им благодариме на сите медиуми за досегашната соработка и ве молиме почитувајте ја одлуката да не зборуваме на оваа тема“, рекоа Огњен и Данијела во заеднички соопштение за медиумите.
Амиџиќ претходно беше во брак со Милица Марковиќ. Тие се венчаа во 2006 година во манастирот Каона кај Шабац, а се разведоа во 2010 година, кога со заедничка изјава и се обратија на јавноста.