Победникот на „Никогаш не е доцна“ пронајден мртов во својот стан

Првиот победник на шоуто „Никогаш не е доцна“, Станоје Становиќ, познат како Кале Дијамант, почина на 54 години од срцев удар. Пејачот бил пронајден мртов во својот стан во Германија откако два дена не се јавувал на телефон.

Последните денови од животот Кале бил во Диселдорф, но не чувствувал некаква мачнина или здравствени проблеми, рекол за медиумите член на неговото семејство.

„Почина нашиот и ваш крал на народната музика. Ќе останеш засекогаш во нашите срца, за нас си сè уште жив. Најдобар татко, најдобар дедо, најголема наша ѕвезда, почивај во мир. Те сакаат твоите ќерки, сопруга и внуци“, напиша семејството на „Фејсбук“.

Scroll to Top