Почина Боки Милошевиќ, познатиот српски кларинетист

Познатиот српски кларинетист, Божидар (Боки) Милошевиќ, починал синоќа во болница во Белград на 87-годишна возраст.

Боки Милошевиќ бил познат кларинетист, шеф на Народниот оркестар на Радио-телевизија Белград, професор во музичката школа „Јосип Славенски“ и член на Белградската филхармонија.

Роден е на 31 декември 1931 година, а по завршувањето на основното училиште во 1947 година, почнува да свири кларинет. Во Белград пристигнал во 1950 година, каде што дипломирал и магистрирал кларинет на Музичката академија во класата на професорот Бруб Бруно.

Добитник е на многубројни награди и признанија, а меѓу нив и наградата за животно дело за севкупен придонес за зачувување на српската традиција и култура, која му ја доделило Здружението за негување на традицијата и културното наследство во Ниш.

„За многумина беше уметник, за нас само татко“, објавила на својот фејсбук-профил ќерка му Гордана Јовичевиќ.

 

 

Scroll to Top