Почина босанскиот актер Давор Јањиќ

Босанскиот актер Давор Јањиќ почина вчера на 53-годишна возраст во Белград. Веста ја потврдија и неговите пријатели. Давор Јањиќ е роден на 18. ноември 1969. година во Тузла. Тој беше босански филмски и телевизиски актер, најпознат по улогите во некои од значајните филмови на крајот на југословенската кинематографија, меѓу кои се издвојува ликот на Мартин Кујунџиќ во филмот „Живот со вујко“. Од 1991 до 1996 година живеел во Лондон, а од 1997 година живее и работи во Словенија.Тој е познат и по легендарната улога во филмот „Ова малку душа“ на Адемир Кеновиќ, каде го отелотвори ликот на Нихад.

 

 

Scroll to Top