Почина познатиот српски композитор Корнелие Ковач,на 81 година. Тој беше автор на бројни хитови уште од времето на поранешна Југославија. Според објавите на српските медиуми, Корнелие бил позитивен на коронавирус, но не се знае дали тоа е причина за смртта.
Корнелие пишуваше музика за театар, филмови, телевизија, како и за најпопуларните изведувачи од бивша Југославија – Здравко Чолиќ, Бисера Валетаниќ, Оливера Катарина, Лепа Брена.
Роден во Ниш во 1942 година, а првата композиција „Пусти тротоари“ ја компонирал на четиринаесетгодишна возраст.
Ковач се приклучи на сараевскиот рок-бенд Индекси во 1966 година. Две години подоцна се преселил во Белград, каде што ја основал групата Корни, која ја претставувала Југославија на Изборот за песна на Евровизија во 1974 година.
Ковач е автор на бројни хитови како „Април во Белград“, „Живееш во облаци“, „Само остани далеку“, „Мило мое“ и многу други.
Фото: Грација