Денеска на 92-годишна возраст почина поранешниот грчки претседател Каролос Папуљас, кој беше на чело на државата во два мандати од 2005 до 2015 година. Тој во два наврати беше и шеф на дипломатијата, објави „Ројтерс“.
Грчката претседателка Катерина Сакеларопуло се заблагодари за улогата на Папуљас во движењето на отпорот против нацистичката окупација во Втората светска војна и воената хунта во Грција од 1967 до 1974 година.
„Неговото учество во националниот отпор и борбата против диктатурата ја одразува неговата континуирана посветеност на идеалите за слобода и правда што ги бранеше во текот на својот живот“, рече таа.
Папуљас беше висок функционер на Социјалистичката партија ПАСОК и близок соработник на нејзиниот покоен лидер и поранешен премиер Андреас Папандреу.