Почина српската актерка Достана Николиќ на 21 година

Српската актерка Достана Николиќ (21) почина денеска, по тешката битка со акутна леукемија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Danijela Vranjes (@vranjesd)

Иако нејзините повозрасни колеги се вклучија во нејзината борба и собирањето на крв, сепак не успеаа да ја спасат. Тие пред неколку недели на своите профили на социјалните мрежи масовно го споделуваа проблемот со кој што Достана се соочуваше и апелираа граѓаните да донираат тромбоцити од крвна група Б.

Николиќ студираше на Академијата за уметности во Нови Сад. Публиката ја запозна преку серијата „Ургентен центар“, а глумеше и во неколку други српски серии.

Scroll to Top