Српската актерка Весна Малохоџиќ почина денеска во Белград на 74-годишна возраст по долго и тешко боледување, соопшти Здружението на драмски уметници на Србија.
Малохоџиќ дипломираше на Театарската академија во Белград, во класата на Огњенка Милиќевиќ, а нејзиното име се поврзува со златното доба на телевизијата, кога сериските и филмските програми беа во подем.
Во текот на својата кариерата оствари бројни значајни улоги, меѓу кои во филмовите Једанаеста заповест“, „Права љубав“, „Живот је масовна појава“, „Сутјеска“, „Трен“, „Није него“, Тесна кожа“ 2 и дел 4, „Ноч пуног месеца“. Како и во телевизиските серии: „Куда иду дивље свиње“, „Бољи живот“, „Вруќ ветар“ итн.
За улогата на принцеза во серијата „Вук Караџиќ“ доби Европска Гран При награда за најдобро актерско остварување во 1988 година, а на фестивалот ја доби и главната награда за женска улога во ТВ филмот „Роман са контрабасом“ во Монтре.