Почина српскиот актер Бранко Цвејиќ на 75 годишна возраст. Тој своевремено беше директор на Југословенското драмско позориште, а во матичната куќа има одиграно над 50 улоги.
Цвејиќ играше и во повеќе од 40 играни филмови и ТВ-серии, но остана најпрепознатлив како Бане Бумбар од култната серија „Грлом у јагоде“ од 1975.
Цвејиќ беше еден од основачите на Звездара театарот.
„Бранко Цвејиќ припаѓа на онаа генерација српски и југословенски актери која на крајот на 1960-ите го освои, целосно го презеде и радикално го промени изгледот на нашето глумиште. Придонесот на Цвејиќ кон оваа актерска револуција кулминираше во ТВ-серијата „Грлом у јагоде“, која го направи еден од водечките драмски уметници во Југославија“, соопшти Југословенско драмско позориште.