Почина тапанарот на групата „Слатки грех“

Тапанарот на групата „Слатки грех“, Бранислав Мијатовиќ Мија, кој беше и еден од основачите на популарната музичка група, почина денес. Мијатовиќ почина по долгата и тешка борба со болеста, пишуваат српските медиуми.

По распадот на групата, Мијатовиќ заедно со својот кум, гитаристот Зоран, продолжи да работи со бендот, кој иако и во изменет состав, не го промени името.

Мијатовиќ сите ќе го паметат како врвен музичар и еден од најдобрите тапанари во Србија. За него сите велат дека бил голем човек, пријател, љубител на уметноста и фан на музиката.

 

Scroll to Top