Почна судењето на актерот Драган Бјелогрлиќ за нападот кој го направи врз режисерот Предраг Гага Антонијевиќ во август минатата година. Првиот основен суд во Белград го закажа почетокот на судењето на Бјелогрлиќ на 24 март, пишува Србија денес.
Претходно Обвинителството во Ниш поднесе обвинение за насилничкото однесување на Бјелогрлиќ и побара за него затворска казна од шест месеци.
За потсетување, Бјелогрлиќ во хотел во Ниш го нападна Антонијевиќ ѝ го удри неколку пати во главата пред другите гости да ги разделат. Режисерот ги документираше повредите што ги доби, а за Бјелогрлиќ рече дека бил пијан и издрогиран дивјак.
Српските медиуми претходно пишуваа дека Бјелогрлиќ во моментот на нападот, кој се случи во раните утрински часови, имал 1,15 промили алкохол во крвта. Ова подоцна било потврдено и на тестот за алкохол.
По рочиштето пред обвинителството во Ниш, мерката притвор е укината и актерот е пуштен да се брани од слобода.