Полицијата му ја извади алката на Раста, по година и пол српскиот рапер е на слобода

 

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста по една и пол година конечно е на слобода, откако полицијата му ја симна алката за следење и го пушти од домашен притвор. Раста од полноќ е на слобода, а алката му ја симнале утрово, по осум месеци минати во домашен притвор, пишува српски „Телеграф“.

Раста беше приведен во октомври 2020 година во центарот на Белград поради поседување неколку пакувања марихуана и сканк, а при претресот на неговиот стан полицијата пронашла и други недозволени материи. Адвокатот на Раста тогаш тврдеше дека раперот имал наркотици за лична употреба, а не за продажба. Сепак, тој помина четири месеци во Окружниот затвор во Белград. Откако склучи спогодба да признае вина, белградското Вишо јавно обвинителство му одреди една година домашен притвор, односно осум месеци, бидејќи претходно помина четири месеци во затворот во Белград.

Scroll to Top