Српската пејачка Гога Секулиќ во текот на вчерашните доцни часови снимала спот во центарот на Белград. Во текот на снимањето се појавиле униформирани лица и ја запреле целата работа бидејќи некој од тамошните станари се пожалил на големата бучава.
Некој ги пријавил трубачите, по што пристигнале двајца полицајци. Гога им објаснила дека снимаат спот, па службените лица ја оставиле да ја доврши работата.
Гога вели дека вакво нешто првпат ѝ се случува во кариерата.