Сопругот на српската пејачка Ана Николиќ, раперот Стефан Џуриќ Раста, откако се појави на јавната сцена го привлекува медиумското внимание поради својата појава, но и поради постапките како во јавноста така и во својот приватен живот.
Раперот неодамна го промовираше својот нов албум „Индиго“, а за медиумите откри повеќе за својот приватен живот, својот пророк марихуаната и како Ана Николиќ гледа на сето тоа. Исто така откри што би ѝ кажал во иднина на својата ќерка ако ја види како пуши марихуана.
- Не се изјаснуваш премногу често за социјалните проблеми. Скоро објави слика на „Инстаграм“ покрај која напиша марихуана > алкохол.
„Не се изјаснувам за ништо освен за марихуаната. Не се изјаснувам за каква било политичка ситуација. Се обидувам да ги образувам луѓето за марихуаната, да им дадам до знаење што значи тоа. Колку овие работи се опасни и колку просто мораат да имаат предвид дека тоа всушност претставува лек, а потоа има опуштачко дејство.
-
- Во повеќе наврати зборуваше за марихуаната, но сега се отвори нова димензија, луѓето се прашуваат како сега, кога стана родител, сето тоа ќе го ѝ објасниш на својата ќерка.