По дисквалификацијата на една од кандидатките во „Ѕвездите на Гранд“, Вања Кнежевиќ, пејачката Јелена Карлеуша објави дека ќе поднесе кривична пријава против неа.
Карлеуша на социјалните мрежи напиша дека се чувствува загрозено поради повиците за насилство и медиумскиот линч што се прави кон неа и нејзините малолетни деца.
Таа се осврна и на реакцијата на нејзината колешка во жирито на „Гранд“, Марија Шерифовиќ.
„Ако некој повикаше на нејзино разбивање на главата и линч врз нејзиното семејство, јас прва ќе реагирав и ќе ја поддржев дисквалификацијата на таквиот натпреварувач. За жал, Марија тоа не го направи и со својата изјава дополнително го оправда ужасот што се направи врз мене и моето семејство“, напиша Карлеуша, која ја избриша Шерифовиќ од „Инстаграм“.
За потсетување, бурните реакции од публиката и фановите на Вања почнаа кога таа беше дисквалификувана од натпреварувањето, а големиот број пораки и негативни коментари што стигнаа на сметка на Карлеуша таа ги објави на социјалните мрежи.
„Исфрлете ја Карлеуша од жирито“ – пејачката си навлече гнев кај гледачите на „Гранд“