Поранешниот дечко физички ја нападнал пејачката Тea Таировиќ

Откако поранешниот дечко на Тea Таировиќ отворил профил на Инстаграм, почнале проблемите за пејачката, која случајот со прогонувањето морала да го пријави во полиција.

Ѕвездата на Гранд, пред неколку дена доживеала шок, кога нејзиниот поранешен дечко на Инстаграм отворил лажен профил на кој ги објавувал нејзините експлицитни фотографии, а како што дознаваат медиумите, синоќа ѝ ја нападнал на настап во Босна и целиот случај морала да го пријави во полиција.

„Синоќа Теа доживеала уште еден од низата стресови кои ѝ ги предизвикува нејзиниот поранешен дечко. Тој синоќа Теа пред хотелот во кој отседнала, прво ја нападнал вербално, а потоа и физички“, вели извор близок до пејачката.

„Кога Теа излегла, тој се појавил и почнал да ја навредува, довикувајќи и погрдни имиња. Таа останала во шок. Чашата била прелиена кога физички ја нападнал. Во целата приказна се вмешала и полицијата, која ќе продолжи да работи на овој случај“, завршува изворот близок до пејачката.

 

Scroll to Top