Српската пејачка Емина Јаховиќ вчера ја претстави својата линија козметика на која работела уште додека била во брак.
Иако многумина шпекулираа дека е во лоши односи со својот поранешен сопруг Мустафа Сандал, сепак пејачката кажа дека тие се во контакт поради синовите и е сигурна дека поранешниот сопруг ја поддржува во оваа реализација.
„Овој проект започна уште додека бев во брак со Мустафа, така што тој секако, духовно е со мене“, рече таа.