Најстариот син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Стефан, по подолг период прозборе за немилата случка која ја доживеа во 2000 година во Белград. Стефан на 23 ноември, кога имал само осум години бил киднапиран од луѓе припадници на Земунскиот клан. За негово ослободување криминалците побарале 2,5 милиони тогаш марки.
Стефан вели дека по тој настан се чувствува многу посилен и дека повеќе ги нема лошите спомени и кошмари од детството.
„Кога ќе излезете како победник од таква тешка ситуација, тогаш сте многу посилен. Ги немам повеќе во главата сликите и кошмарите од лошите сцени од киднапирањето. Честопати си велам дека некои луѓе преживеале многу полоши работи од она што ми се случи. Затоа не сакам да ги драматизирам работите. Се обидувам да гледам позитивно на целата работа. Кога ќе излезете како победник од толку тешка ситуација, тогаш сте многу посилни“, вели Живојиновиќ, објаснувајќи дека сака луѓето да го запомнат по убави работи