„Повеќе се грижат за шопинг отколку здравјето“, Марија Шерифовиќ упати апел до сите за „Црн петок“

Пејачката Марија Шерифовиќ реагираше на социјалните мрежи поради гужвите кои ги забележала пред трговските центри, по повод „Црн петок“. Таа во бес, саркастично им се обрати на фановите.

„Апелирам во голем број, десетина илјади луѓе денес да ги посетат сите трговски центри кои работат до 21:00 часот. Задолжително купете уште некоја крпа повеќе и евентуално умерете за две недели“, изјавила Марија.

И покрај пандемијата со коронавирусот, трговските центри се полни со луѓе кои чекаат во редови за влез во продавниците за дакупат нешто по пониски цени.

 

Scroll to Top