Маријана Наловски Мачкица била дел од специјалната единица „тигри“ на Аркан, а истовремено и негова телохранителка. Таа во својата исповед открила како е да се биде „мачка меѓу тигрите“.
Мајка ѝ ја оставила веднаш откако ја родила. Пораснала во Домот за згрижени деца „Моша Пијаде“. Била силувана, како што вели, двапати, а и во двата случаи станувало збор за жени. Потоа се омажила, а открива дека најголема лузна ѝ оставила војната.
„Бог ме испрати до Жељко Ражнатовиќ Аркан. Подоцна стана јасно дека ништо не е случајно во овој свет. Тој бил пријател на моето биолошко семејство. Ме изненади тоа. Тогаш почнавме големо пријателство и ја имав неговата поддршка“, се присетува Маријана.
Како што вели, меѓу „тигрите“ владеела дисциплина.
„Што се однесува до сексот, немав, бев и останав негова сестра“, тврди Маријана.
Во нејзината исповед емитувана на медиумите изјавила дека Жељко знаел за жените во кои таа била вљубена во минатото.
„Тоа го прифати нормално. Правеше шеги на моја сметка. Еднаш дури киднапирав војник и украдов автомобил само за да стигнам до жената во која тогаш бев вљубена. Од друга страна, во четата имаше и мажи кои беа геј. Нив ги открив веднаш. Во тие моменти кај нив се забележување голем страв. Но, на крајот од денот важно беше да се изведе акцијата, да има што помалку жртви и да спасиме што повеќе луѓе. Знам двојка од војната која подоцна со години беше во врска“, открива таа.
Коментирајќи ги своите сексуални определби и искуството со околината, таа вели дека народот смета дека да се биде лезбијка или геј е нешто шокантно.
„Така ги воспитуваат децата од мали нозе. Им велат ‘Ги гледаш оние чичковци? Имаат нешто што е бљак’. За мене се убави и лезбијките и геј луѓето. Во прашање се човечки суштества. Не е важно од кој пол се. Важна ми е љубовта. Извинете ако добивам љубов од жена. Јас само можам да се предадам на тоа и да уживам во неа“, вели Маријана.