Природна беше поубава, сега си како кукла, Брена ги разочара фановите

Лепа Брена која на сцената е веќе четири децении и важи за една од најубавите пејачки, ги разочара фановите кои и порачаа дека претерала со уредувањето на фотографиите и фотошопот.

Брена објави фотографија на која позира насмеана и ги објави локациите и датумите за некои од концертите во рамки на турнејата во САД, а обожавателите ја критикуваа за неприродниот изглед.

„Мене подрага ми е вистинската Брена, природната, ова е сепак кукла. Дали е можно да нема ниту една брчка? Јас не можев да ја познаам од што се подмладила. Кои корекции ги има направено само. Прекрасна си и беа филтери“, и порачаа некои од нив, а други пак ја пофалија за изгледот.

„Број 1 на просторот на поранешна Југославија и пошироко. Те сакаме другарке Брено. Убави си како Лепа Брена“, и коментираа тие.

За потсетување, пејачката неодамна зборуваше за ритуалите кои ги прави за да го одржи младешкиот изглед и витката линија.

„Секој ден пијам многу вода, медитирам и вежбам. Ако можам јас на 61 година да бидам активна, тогаш можете и вие. Кога сум на патувања, се трудам да одам на плажа или да пливам во базен“, рече таа.

За потсетување, Брена неодамна покрена сопствен бренд кој пред две недели го промовираше на модната ревија во Белград. Го нарече „Лејди Б“, а на модната ревија откри сè за новата линија женски чорапи.

 

 

Scroll to Top