Првата сопруга ја запознал во стриптиз бар, па се заљубил во фатална актерка: Бурниот љубовен живот на Горан Бреговиќ

Горан Бреговиќ уживаше огромна популарност од самиот почеток на својата музичка кариера, а особено внимание привлече неговиот љубовен живот.

Бројни детали од приватниот живот на популарниот музичар ја заинтригираа јавноста, а една од најинтересните приказни е тоа што ја запознал својата прва сопруга Јасминка во стриптиз бар, пишува „Блиц.рс“.

Бреговиќ со оваа убавица, која сега живее во Австралија, ја доби првата ќерка Жељка во раните дваесетти години, но поради природата на работата често беше отсутен од дома.

Познатиот музичар никогаш јавно не проговорил за жените со кои имал романси, но повеќето од нив ја објавиле својата приказна.

Така се дозна за неговата љубов со актерката Маја Сабљиќ, која во тоа време важеше за една од најубавите жени. Нејзината убавина го воодушевила и Брега, а кога ја започнале врската имала 19 години и со насмевка признала дека Бреговиќ ја оставил без здив на снимањето на филмот „Лични работи“.

Маја е во Америка од 1993 година, а се шпекулираше дека живее луксузно во Лос Анџелес, помеѓу Холивуд и Беверли Хилс. Таа беше во брак со американскиот бизнисмен со српско потекло Ѓорѓе Зечевиќ до неговата смрт во 2012 година. После тоа Маја дојде во Србија, а убавината ја задржа и денес. Сега живее меѓу Белград и Лос Анџелес, а особено е посветена на духовната работа на себе и на надградбата на својата личност, пишува „Блиц“.

 

Scroll to Top