Српската пејачка Нада Топчагиќ (68) присуствуваше на роденденската забава на фудбалерот Златан Ибрахимовиќ (40) во Милано. По гала забавата, таа изјави дека тие двајца се светски фаци и дека колегите од естрадата можат само да ѝ плукнат под прозорецот.
Таа во интервју за српските медиуми раскажа за времето поминато во Италија, но откри и дека фудбалерот ја сакал толку многу што ја запознал со речиси сите гости, кои притоа биле воодушевени од нејзината енергија.
„Беше феноменално во Милано! Мислам дека сега дури и врапчињата на гранката знаат колку се почитуваме со Златан., слободно можам да кажам дека ова е пријателство кое ќе трае со години. Подготвив неколку изненадувања за неговиот роденден, сè организарав во договор со блиски луѓе, така што сè помина според планот и во најдобар ред. Му го отпеав на уши мојот најголем хит ‘Јутро је’, исто така можам да се пофалам дека сите гости станаа да играат. Што да ви кажам, јас и Ибра сме светски фаци. Сето ова го заслужив. Колегите од сцената можат да плукаат под мојот прозорец. Умрете и пукнете од љубомора! Мојата кариера е повторно во полн сјај, целиот свет зборува за мене. Веројатно ќе бидам распната од моите колеги“, изјави пејачката.
„Песната ‘Јутро је’ е извонреден хит што се слуша и денес, исто како и првиот ден кога ја објавив. Така што можам да ги разберам повеќето колеги зошто ми љубоморат, но таквите коментари не ме допираат. Се гледам себеси, мојот напредок и работата. Ибрахимовиќ побара мојата песна да се пушти на фестивалот во Сан Ремо, сите се сеќаваат на тоа, се сеќавам дека не можев да заспијам од среќа. Јас и Златан навистина се зближивме и верувам дека отсега постојано ќе се гледаме на родендени. Тој е спортски великан и нормално е да ме импресионира тоа што ме сака и почитува“, додаде таа.
За потсетување, во неделата вечер пејачката се појави на роденденската забава на фудбалерот Ибрахимовиќ како специјално изненадување, каде ја испеа нејзината најпозната песна „Јутро је“. По тој повод, пејачката наводно заработила 30.000 евра.
(Видео) Нада Топчагиќ го изненади Ибрахимовиќ за роденденот, му ја пееше „Јутро је“ среде Милано