Пејачката Рада Манојловиќ го тужи поранешниот учесник во „Парови“, Дарио Шогоровиќ, кој на социјалните мрежи објави дека ѝ платил 10.000 евра за да имаат секс за една ноќ. Тој коментираше и дека раскинала со нејзиниот бивши Харис Берковиќ затоа што го изневерила.
Дарио најави дека во иднина планира и да објави домашно видео со неа на сајтови за возрасни. Рада на „Твитер“ му порача дека ќе го тужи.
„Се на се, дека сум крш кога ќе се соблечам, но сега го претера. Каков пациент, мајко мила, сум немала ваков случај одамна. Што би рекол Шојиќ има да пие дисциплинска“, рече Рада.
„Апропро изнесените персони кои на беден начин се обидуваат да дојдат до внимание во јавноста преку моето име. Мојот паметен татко имаше поента која ми остана во мозок. Одамна за ваквите случаи велеше: Ќерко биди среќна, од толку лудаци на слобода, тебе ти се фатил само еден. Тужба бајо мој, па лај после“, додаде пејачката.
За потсетување, Дарио објави јавна понуда за оној кој најмногу ќе му плати, дека ќе му ја даде порно снимката од хотелот кој ја направил со Рада, а потоа додаде и дека не вредела за тие пари.