Рада Манојловиќ револтирана од колегите: Веќе ни за убаво не им честитам

Српската пејачка Рада Манојловиќ ја откри причината зошто не се дружи често со своите колеги од естрадата. Таа вели дека не е во кавга со никого, но дека не е ни особено блиска со некого од нив.

„Кога почина баба ми, не сакав пораки за сочувство, не можам да го издржам тоа. Сакам сама да го пребродам тоа. Некои соработници ми пишаа, но малкумина беа колеги од сцената. Дури и кога сè е одлично, никој не ми честита. Не знам како да ви кажам, имам многу мал круг блиски луѓе“, изјави Рада за српски медиум.

„Отсекогаш им честитав на сите без никаква суета, давав поддршка. Оставам порака, и ако не сме во не знам каков контакт, му се обраќам на колегата на социјалните медиуми, му честитам, му посакувам среќа. Немам ниту суета ниту завист. Тогаш забележав дека никој жив не враќа. Тогаш почнав како и сите други – ниту убаво да честитам ниту да се огласувам“, вели таа.

„Слушам коментари дека не се дружам со никого. Луѓе, вие не сте таму кога е добро, не сте таму кога е лошо. Не гледам поента за дружење. Се поздравувам со сите на снимања, добро сме, но нема близок контакт“, додаде Манојловиќ.

Забележала дека постарите колеги се поискрени и понепресметливи.

„Последниве неколку години постарите колеги ме фалат. Тоа се вешти пејачи – Ана Бекута, Снежана Ѓуришиќ, Лепа Лукиќ, Милена Плавшиќ, Нада Топчагиќ. Нада ми ги пофали фотографиите. Тоа се луѓе што не пресметуваат, тие се само искрени. Има мал милион од оние што не мислат добро за мене. Не ги повикувам оние што знам што мислат за мене, но јас никогаш не би ги прозвала јавно“, објасни пејачката.

 

Scroll to Top