Раде Шербеџија ќе има концерт во Битола

Легендарниот актер и музичар Раде Шербеџија на 19. март во Центарот за култура – Битола ќе има свој ексклузивен концерт. Ќе го промовира албумот „Не свртувај се сине” кој неодамна го издаде. На сцената ќе биде заедно со „Западни колодвор”

 Новиот студиски албум е сниман во време на короната, кога паузираше филмската индустрија. Најавен со хитот „Ето пјесме“ кој за него го напиша Хусеин Хасанефендиќ од „Парни ваљак“, Шербеџија албумот го сними со екипа музичари на крајот на 2020. Шербеџија има и авторска песна, „Шехерезада“ која ја посвети на познатиот словенечки театарски режисер Томаж Пандур, за која аранжманот е на Диран Тавитјан.
Scroll to Top