Раде Шербеџија: Кога Гага умре Милена Дравиќ ми го подари неговиот брод

Глумецот Раде Шербеџија се потсети на времето кога неговиот колега и голем пријател Драган Николиќ почина, а од неговата сопруга Милена Дравиќ, на подарок го доби нивниот брод. Шербеџија рече дека Милена му го подари бродот само два месеци по загубата на Николиќ.

„Ме побара два месеци откако Драган почина. Тогаш бев во Белград ѝ ми рече дека сака да ми го подари нивниот брод. Уште немаа ни запловено со него. Кога заврши со работата на него, се разболе. Тоа беше нов брод. На Милена ѝ реков дека веќе имам двa брода и ѝ се заблагодарив. Но, таа како и обично ќе ми се налутеше ѝ ќе ми речеше дека сака да имам спомен од него. Нешто на што ќе се сеќавам. Бродот го префрлив во Хрватска ѝ им го дадов на моите луѓе со него да пренесуваат млади глумци на пробите и претставите. Сега е во флотата на театарот „Улис Бриони“. На него пишува Гага, со слика од мојот пријател Драган Николиќ како Попај во морнарска кошула. Сега не вози тој. Секој ден на лето е со нас. Не чува и не штити“, се потсети Шербеџија.

За потсетување, Драган Николиќ беше еден од најголемите и најсакани драмски уметници во поранешна Југославија. Почина на 11 март во 2016 година на 72 години по долгата и тешка битка со болеста. Неговата сопруга Милена пак почина на 14 октомври 2018 година.

Извор/b92.net

 

Scroll to Top