Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“ тешко поврден во сообраќајна несреќа, состојбата неизвесна

Рајко Дујмиќ од Нови фосили“ е тешко повреден во сообраќајна незгода и е во кома, пишуваат хрватските медиуми. 65-годишниот музичар излетал од патот кај Равна Гора. Возел со голема брзина и удрил во камења, па завршил во бездна. Тој е во болница во Сушак, во одделот за интензивна нега, но состојбата му е неизвесна, јавуваат хрватските медиуми.

Неговата сопруга Снежана потврди дека Рајко има сериозни повреди на главата и е во кома.

„Ве молам, молете се да се разбуди од кома“, напиша таа на „Фејсбук“.

Инаку, Рајко Дујмиќ се лекува и од алкохолизам откако пред неколку години физички ја нападна сопругата. Тој е и во конфликт со колегите од групата на кои им забрани да го користат името „Нови фосили“, кое тој го заштитил.

Scroll to Top