Српските медиуми пренесоа дека раперот Стефан Џуриќ Раста повторно е уапсен, а тој вели дека тоа било сцена која ја снимале за филмот кој за неговиот живот. Видеото било направено пред тој да му биде вистински одрден домашен притвор, за пуштање недозволени супстанци во промет.
„Се разбира дека не сум уапсен. Во прашање е снимка од проектот на кој работевме со месеци, а кој не смееше да излезе во јавност, затоа што премногу ми значеше. Многу е тажно што луѓето го искористија за сензационализам и за пласирање на нешто што нема врска со животот. Уште повеќе што тоа видео е старо“, рече Раста.
За потсетување, раперот во моментов ја служи казната домашен притвор, но, поради природата на неговата работа, тој доби и одобрение да се движи слободно 7 часа во текот на работниот ден.