Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста бил итно примен во болница откако не можел да застане на нозе, а потоа бил опериран, јавуваат српските медиуми.
„Се работи за ‘рбетот, проблем со ‘рбетот. Не можел да застане на нозе, веднаш бил хоспитализиран. Итно се направени анализи и прегледи, по што лекарите одлучиле дека е неопходна операција“, објави Телеграф.рс.
Пред операцијата Раста се огласи на Инстаграм.
„Ви благодарам на сите за вашата бескрајна поддршка и помош. За жал, понекогаш само во вакви ситуации сфаќате кого имате покрај себе, а јас ги имам најубавите луѓе досега и ви благодарам за тоа. Се надевам на брзо закрепнување и дружењето на досега закажаните места, а на оние безобразните и без разбирање, им го посакувам истото што ми се случи мене и не дај Боже никогаш да не присуствуваат на мојот настап, бидејќи тоа не е моја публика“, напиша тој.