Баба Ванѓа освен што била позната по своите предвидувања, имала способност да лекува бројни болести со помош на билки. Таа велела дека биклите се поефикасни од модерната медицина.
Баба Ванѓа користела комбинации од билки за различни типови болести. Таа употребувала растенија што не се многу популарни, а кои во нејзино време немале широка употреба, ниту биле многу користени.
„Не тврдам дека сум голем билкар, но овие билки ми се појавуваат. Многу често имињата на некои од растенијата што ги кажувам на глас се апсолутно непознати за мене,“ рекла Баба Ванѓа.
Таа им препорачувала на луѓето да прават чаеви од различни комбинации на билки, но наместо да ги пијат како чај, да се капат со нив. Според неа, ефектот бил многу поголем кога билките навлегувале во телото преку кожата. На секој човек што му препорачувала да се искапе со растителен чај, му препорачувала различна комбинација, зависно од болеста. Само за мал број болести препорачувала чаеви за пиење.
Поголемиот дел од нејзините рецепти се запишани и се користат и денес. Многу луѓе тврдат дека тие им помогнале да оздрават. Сепак, Баба Ванѓа велела дека нејзините чаеви не се за бремени жени и дека само неколку од нив може да се корисни за лекување деца.
„Не го признавам третманот кој бара комбинација од 20 до 30 билки истовремено. Понекогаш луѓето пиеле цели вреќи од различни растенија, а ефектот бил мал“, велела таа. „Препорачувам само една билка или само еден лек за болест за секој да знае дали таа билка го лекува или му штети. Работата е да дознаете точно кое растение кому му помага“.
Астма – да се пие чај од цвет од подбел (познат и како козја брада или коњско копито).
Астма кај деца – се суши цветот од подбел, па се прави чај (на една китка цвеќе се става 2 литра вода). Кога ќе зоврие и пушти боја, се остава да се олади, па детето се капе со чајот. По бањањето телото на детето се премачкива со мед и ракија.
Астма кај деца – се прави крем од синска маст и згмечени апчиња аспирин. Со смесата се премачкуваат градите на детето десет дена.
(Продолжува)