Рок-групата Intelligent Music Project предводена од пејачот Рони Ромеро оваа година ќе ја претставува Бугарија на Евросонг во Торино. Тие ќе настапат со песната „Интенција“. Станува збор за класична хеви-рок песна, за која бендот сними и видеоспот.
Покрај Ромеро, во него се појавуваат и Бисер Иванов, Славин Славчев, кој победи во Х-Фактор Бугарија, Иво Стефанов, Димитер Сираков и Стојан Јанкулов.
Рони е познат рокер кој во кариерата бил дел од многу големи бенда меѓу кои и Lords of Black, Walter Giardino’s Temple, The Ferrymen, Vandenberg, Sunstorm, а беше дел и од легендарната група Rainbow со Ричи Блекмор.
За потсетување, Евровизија годинава ќе се одржи во Торино. Првото полуфинале е закажано за 10 и 12 мај, а големото финале ќе се одржи на 14 мај во арената Пала Алпитур.