Српската пејачка Ана Николиќ раскажа дека поради апсењето на бившиот сопруг, раперот Раста поминала низ лоши денови . Нивната ќерка Тара постојано прашувала каде е татко и кој тој период беше во затвор.
„Тоа беше еден од најтешките денови во мојот живот, неговото апсење. Раста е личност која е дел од мојата душа. Тој засекогаш ќе биде пред се татко на Тара за мене“, вели Ана за српските медиуми.
Таа додава дека поради тоа што не го пуштиле раперот од затвор сакала да се полие со бензин пред собранието на Србија.
„Кога еден ден мајката на Раста, која е навистина силна жена се расплака, јас се распаднав и и реков сега ќе одам пред собранието на Србија и ќе се полијам со бензин, пуштете го, тој навистина е невин“, вели Ана.
Раперот Стефан Ѓуриќ Раста излезе од притвор на 27 јануари, по речиси 4 месеци.
View this post on Instagram