Само одбрано друштво кај Брена на слава

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ вчера славеа Св. Архангел Михаил во својот дом на Бежаниска коса, а на гости им дојде српската естрада.

Меѓу првите што пристигнаа беше Филип Живојиновиќ, синот на Боба од првиот брак, а брзо потоа дојде и најмалиот син, Виктор. На славата кај Брена дојдоа и Ацо Пејовиќ, Жељко Јоксимовиќ со сопругата Јована, Саша Поповиќ со Сузана Јовановиќ, Саша Милошевиќ Маре, Бане Обрадовиќ. Српските медиуми пишуваат дека пред крајот на вечерта пристигнала и Александра Пријовиќ со синот Александар.

Брена и Боба се познати по тоа што секогаш прават голема слава со многу гости, со музика и полна трпеза.

Пред славата синот Виктор објави видео како Брена се спрема за славата, додека витка сарми и игра чочек со домашната помошничка.

(Видео) Лепа Брена спрема слава, витка сарми и игра чочек со куќната помошничка

 

Scroll to Top